1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Вашингтон врши притисок врз ирачката влада

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс повторно го повика ирачкото државно раководство , што е можно побргу да преземе поголема одговорност за безбедноста во сопствената земја. Американските трупи нема вечно да останат во Ирак а политичкото трпение во Вашингтон не е бесконечно- изјави Гејтс за време на ненадејната посета на Багдад. Ирачкиот премиер Нури Ел Малики најави дека до крајот на годината ирачките сили ќе преземата драматично поголема одговорностa за безбедноста во земјата.