1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Вашингтон бара воздржаност од Турција

*


Американската влада побара од Турција да се воздржи од воена акција против курдите во Северен Ирак. Портпарол на претседателот Џорџ Буш ја повика владата во Анкара да се откаже од потенцијално дестабилизирачки активности. И во интерес на САД е тие да се справат со курдските бунтовници, но мора да се внимава и на стабилноста на Ирак, изјави портпаролот. Од друга страна турската влада веќе поднесе барање во Парламентот да им се дозволи ваква воена акција во северен Ирак. Одлуката треба да биде донесена в среда. Се очекува турските пратеници позитивно да одговорат на барањето.