1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ВАЦ најавува ширење на бизнисот во Македонија

Германскиот медиумски гигант ВАЦ, кој од пред неколку години поседува три макеоднски дневни весници најавува ширење на бизнисот во Македонија.

Главното седиште на ВАЦ во Есен

Главното седиште на ВАЦ во Есен

Ерих Шуман е еден од сопствениците на медиумскиот гигант ВАЦ. Тој е во Скопје по повод отварањето на нова деловна зграда и печатница, заенички за трите дневни весници „ Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“ како и за неделникот „Теа модерна“. Шуман вели дека ВАЦ ќе инвестира и во електронското новинарство. „Задоволни сме иако не многу, тиражот се покачува. Работиме на тоа да бидеме уште поуспешни. Од постигнатот во Македонија сме задоволни и постои можност за влегување во електронскиот бизнис.“ рече Ерих Шуман од највиоското раководство на германската компанија.

Според него Македонија многу напредувала во сферата на медиумите и слободата на печатот. Државата во голема мера се дистанцира од медиумите што е пример за развој на демократијата во Македонија и предуслов тие да бидат независни и слободни, каже еден од сопствениците на ВАЦ.

И првиот човек на ВАЦ за Македонија, Срџан Керим само ја потврдува можноста за ширење на бизнисот но не отктирва детали „ Ако се створат законските услови за тоа, сигурно ВАЦ ќе бидат меѓу они што ќе претендираат за проширување во однос на електронските медиуми.“ изјави Керим

ВАЦ медиумсикиот концерн кој поседува весници насекаде на Балканот, во Македонија влезе во 2003 за околу седум и пол милиони евра ги купи трите најголеми весници во Македонија. По преземањето од страна на Германците цената на весниците во Македонија се зголеми еднаш од 10 на 15 денари, но луѓето од овој бизнис тврдат дека весниците во Македонија и натаму се многу поефтини во споредба со цената на другите весници во регионот. Два од трите дневни весника по влезот на ВАЦ добија нови главни уредници. Германците се обврзаа дека нема да се мешаат во уредувачката политика и оти ги интересира само бизнисот со медиуми.