1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ватикан прeзема мерки кои не се доволни

Комисијата на ОН за права на децата го обвини Ватикан дека ја крши Конвенцијата за права на децата. Ватикан не сторил доволно за спречување на злоставување деца во црквата, соопштено е во Женева. Коментар на Штефан Деге.

Ова е голема шлаканица за Ватикан. Католичката црква прикрива сексуално злоставување деца од страна на свештеници и дозволува виновниците да се извлечат без казна, се вели во извештајот на Комисијата на ОН за права на децата. Тешки обвинувања и според својата недвосмисленост - невообичаени, барем за вакво тело.

Светата столица има намера да ги испита обвинувањата. Додуша, не се дозволува мешање во учењето на црквата, пред се‘ не во католичкиот сексуален морал, но воздржаната реакција од Рим покажува дека пораката, која се насетуваше уште за време на сослушувањето на претставниците на Куријата во Женева на средината на јануари, е примена. Таа е дел од цената што Католичката црква мора да ја плати за нерешителната обработка на случаите на злоставување деца.

Во многу земји во светот свештеници со децении сексуално злоставувале илјадници деца. Педофилите во црковни мантии не трпеа последици. Педофилите бесрамно го користеа својот углед како црковни луѓе.

Porträt - Stefan Dege

Штефан Деге, автор на коментарот

Претпоставените и поглаварите на црквите ги забошотуваа злосторствата. Сторителите често само беа преместувани на друго место, а оние кои знаеја за стореното беа осудени на молк. Црковниот резон беше ставен над доброто на децата. Пракса која допира до центарот на моќта на црквата - во Ватикан.

Експертите на ОН со право констатираат дека католичката црква почнала со обработка на скандалот. Папата Бенедикт 16. ги осуди злосторствата и презеде првични чекори. Во мандатот на неговиот наследник, Франциско, е создадена Комисија за заштита на децата. Нема сомневање дека во Ватикан нешто се придвижува. Но, тоа не е доволно!

Кој злоставува деца, треба да биде изведен пред световен суд. За таа цел црквата треба да соработува со правосудството. Веќе не смее да се случи уништување на акти на злосторници. Ватикан се обврза на почитување на правата на децата. Мора да следат натамошни чекори - поголема транспарентност, решително расчистување на случаите и, можеби болно, утврдување на причините за тоа. Црквата само така може да си ја врати изиграната доверба.