1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ватикан „врие“ од шпекулации околу папата

Папата Бенедикт 16. денеска (24.02) последен пат ќе ја одржи молитвата Ангелус. Непосредно пред крајот на функцијата, во Италија врие од гласини дека папата заминува поради интриги во Ватикан, а не поради слабо здравје.

Дали Ватикан е место на интриги, злоупотреба на моќта и корупција? Пред Конклавата, која треба да го избере наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти, италијанските медиуми шпекулираат дека оставката на папата има пред се‘ врска со лошата состојба во Римокатоличката црква. Државниот секретар на Ватикан Тарчисио Бертоне ги демантира официјално ваквите информации, а портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди предупреди дека медиумите вршат неодмерен притисок врз Конклавата. Дел од медиумите се обидуваат преку погрешни информации да профитираат од изненадувачката оставка на папата, се вели во Ватикан: „Во најголемиот дел случаи судиите кои даваат остри морални пресуди воопшто немаат авторитет за такво нешто“, изјави Ломбарди, додавајќи: „Кој во главата има пари, секс и моќ и го одмерува светот според нив, тој не е во состојба во црквата да восприема друго.“

Папата заминува поради Ватиликс?

Bildergalerie Was Sie schon immer über den Papst wissen wollten

Последниот јавен настап на папата е предвиден за среда (27.02) на Генералната аудиенција во Ватикан

Конкретен повод за теориите на заговор е скандалот Ватиликс и истрагата што тројца кардинали по налог на папата ја извршија во врска со скандалот. Бенедикт Шесанесетти бил наводно толку шокиран од завршниот извештај во декември и од размерите на интригите во Ватикан, што мислата за оставка му станала конкретна, известуваат повеќе италијански весници.

Наводно, папата има намера пред да си замине, во четврток да ги прими тројцата кардинали и да ги ослободи од нивната обврска за молчење. Нивниот извештај потоа, на 1 март може да биде разгледуван на собирот на кардиналите. Ваквата вест е исто така демантирана од Ватикан. Портпаролот Ломбарди меѓутоа потврди дека во понеделник (25.02) папата ќе издаде декрет „моту проприо“ со кој на кардиналите по неговото заминување им се дава можност да одржат Конклава порано од планираното.