1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ватерполо: Македонија поразена од Романија

Македонската ватерполо репрезентација загуби од Романија во натпревар од 3. коло на олимписките квалификации, кои се одржуваат во Едмонтон, Канада.

default

Македонија од Романија загуби со 6:9 (2:1;1:2; 2:4 и 1:2). По изедначеното прво полувреме, романската репрезентација во вториот дел го засили темпото на играта и успеа да дојде до победа.

Головите за Македонија ги постигнаа: Срѓан Аксентијевиќ - 3 голови, а по еден реализираа Борис Летица, Мирослав Ранџиќ и Иван Басара.

На другите натпревари од А групата беа постигнати следните резултати: Германија – Холандија 11:6 и Грција – Црна Гора 7:8.

Во Б групата резултатите гласат: Бразил – Аргентина 16:7 и Турција – Кабнада 5:14. Слободна беше репрезентацијата на Шпанија.

Табела А група: Црна Гора 6 бодови, Романија 4, Германија 4, Грција 2, Македонија 2, Холандија 0.

Табела Б група: Шпанија 4, Канада 4, Бразил 2, Турција 1 и Аргентина 1.

Македонија вечерва (04.04) против Црна Гора ќе го одигра натпреварот од 4. коло. Во другите дуели од оваа рунда играат: Турција – Шпанија, Холандија – Романија, Грција – Германија и Канада – Аргентина.