1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ватерполо еуфоријата се зголемува

Во Скопје ќе играат репрезентациите на Македонија и на Грција во рамките на светската ватерполо лига. Водите на Олимпискиот базен ќе се запенат по подолго време. Базенот е ставен под клуч поради финансиски проблеми.

default

Олимпискиот базен во Скопје

Еден од главните во организацијата на натпреварот во ватерполо, обвиен со силен набој, е Влатко Димовски. Неодминливо е прашањето околу тоа, чија е заслугата за активирањето на базенот?

„Ние како пливачка и ватерполо федерација, преземавме врз себе чекор. Се договоривме со концесионерот на базенот да ни го отстапи на користење со надомест, кој е огромен, затоа што сметките за струја и за парно се големи. Сепак, ние го преземавме тој ризик, затоа што овој базен ги задоволува стандардите многу повеќе одошто, базенот ’Младост’ во Карпош. Од друга страна, капацитетот за гледачи е поголем. Има 1.200 места, а ние го проширивме за уште 400 гледачи. Сметаме дека и од влезните билети ќе собереме значителни средства за покривање на трошоците на базенот.“

Mazedonien Skopje Schwimmbad Vlatko Dimovski

Влатко Димовски

Ова ќе е 4-то гостување на една грчка селекција во Македонија. Двапати досега доаѓаа ракометарите, еднаш одбојкарската репрезентација. За безбедносниот момент на овој меч со висок ризик, како што е третиран од ФИНА, Димовски вели: „Натпреварот носи ризик! Поради тоа комплетно е вклучено МВР, кое целосно ја презема одговорноста за безбедноста на грчката екипа. Грците ќе бидат обезбедени уште од самата граница, ќе имаат придружба се’ до хотелот во Скопје. Тоа е еден дел, а ние како организатори, имаме плус обезбедување. Тоа е приватно обезбедување, со што мислам дека натпреварот ќе мине во најдобар ред.“

Оптимизам меѓу македонските ватерполисти

Димовски беше дел од македонската ватерполо експедиција во Атина на првиот натпревар против Грција. Освен непријатноста на граничниот премин при влезот во соседната земја околу македонското обележје на опремата, други непријатности немало. „Освен инцидентот, што се случи на границата со нашата опрема, имавме обезбедување до Атина. Се обезбедуваше хотелот и имавме за мои сфаќања огромно обезбедување од 500-600 припадници на полицијата. Целиот базен беше затворен, дури и за публиката. На мечот присуствуваа само 30-40 гледачи!“

Во Атина, Грција ја победи Македонија со 8:6 во релативно рамноправен меч. Денес македонскиот состав, е значително посилен од оној во Атина. Оптимизам и победничка атмосфера владеат меѓу македонските ватерполисти. „Мислам дека со овој состав сме апсолутни фаворити. Сметам дека треба да победиме со голема разлика, со повеќе голови, но топката е тркалезна и никогаш не се знае!“

Инаку македонската и грчката ватерполо репрезентации набрзо ги очекува нов меч. На крајот на април во Волос ќе се одржат квалификациите за учество на Европското првенство. Токму Македонија и Грција се главните фаворити за пат на елитното натпреварување.

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина