1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ватерполистите не обезбедија пласман на Олимпијада

Македонската ватерполо репрезентација не успеа да направи подвиг и да стане првата македонска селекција која во екипен спорт обезбедила учество на едни Олимписки игри.

default

Македонија ноќеска беше поразена од Шпанија со 11:7 во четвртфиналето од квалификацискиот олимписки турнир во Едмонтон, Канада. Нашата репрезентација добро го започна натпреварот и по водството на Шпанците од 1:0, избраниците на селекторот Сашко Поповски постигнаа 3 голови, а резултатот по првата четвртина беше 3:2 за Македонија.

Втората и третата четвртина Шпанија ги доби со 3:0 и 3:1, разлика што се покажа како решавачка за конечниот победник. Последниот период заврши нерешено 3:3.

Ноќеска се одиграа и другите три четвртфинални дуели по кои пласман на ОИ обезбедија Црна Гора, Романија и Бразил. Вечерва Македонија против Бразил од 22 часот и 20 минути ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место.