1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ватерполистите во четвртфинале

Македонската ватерполо репрезентација ќе игра во четвртфиналето на предолимпискиот турнир, кој се одржува во канадскиот град Едмонтон. За противник ќе ја има репрезентацијата на Шпанија.

Во последниот натпревар од 5. коло, во А групата, Македонија ја совлада Германија со 6:4 (0-2, 2-1, 4-1, 0-0). Победата на избраниците на селекторот Сашко Поповски уште повеќе добива на значење, ако се знае дека Германија на средината од втората четвртина имаше предност од 0:3. По првиот гол на Македонија, меѓутоа, Германија понуди малку и на крајот го загуби мечот. Клучна за победата на Македонија беше играта во третата четвртина во која Македонија постигна четири, а прими само еден гол.

Тренерот на германскиот тим Хагер Штам по натпреварот изјави:

„Во подготовките за овој турнир се чини овојпат нешто беше сосема погрешно, момците во сeкој случај се бореа до последна секунда“.

Ватерполистите за пласман на Олимписките игри во Лондон, во четврфиналниот дуел ќе играат со Шпанија. Во останатите четвртфинални дуели ќе играат: Црна Гора-Турција, Романија-Бразил и Грција-Канада.