1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ватенмер-ново природно светско наследство

Плиткиот крајбрежен појас на Северното море - Ватенмер е прогласен за светско природно наследство. Ватенемер е еколошки систем во кој живеат 3.000 животински видови.

default

Ватенмер

На годишната седница на Комитетот за културно наследство на УНЕСКО што се оддржува во шпанскиот град Севиља беше донесена одлуката така нареченото Ватенмер - плиткиот крајбрежен појас на Северното море да биде прогласен за светско природно наследство. Овој природен простор во иднина ќе биде на исто рамниште со островите Галапагос, националниот парк Кранд Кањон, или австралиските подводни гребени.

Wattenmeer Dünenlandschaft Watt

Плиткиот крајбрежен појас

Средноевропскиот Ватенмер се простира на површина од околу 13 илјади квадратни километри и претставува најголемиот поврзан плиток крајбрежен појас во светот. Тој е богат еколошки систем со брза динамика, кој е подложен на постојани промени поради плимата и осеката.

Два пати на ден, при осеката се ослободува површината на морето во ширина од 20 километри. По околу шест часа, плимата редовно носи нови хранливи материи. Еден квадратен метар од тлото во Ватенмер содржи повеќе животинска биомаса отколку почвата на тропските прашуми. Во Ватенмер живеат повеќе од 3.000 животински видови, од кои околу 250 живеат само таму. Плиткиот крајбрежен појас е важно место и за птиците преселници: десет до дванаесет милиони птици преселници

Wattenmeer Dünenlandschaft Watt Flash-Galerie

Морски цицачи во Ватенмер

секоја година доаѓаат на брегот на Северното море. Ватенмер е дом и за голем број морски цицачи како морските кучиња или фоките, и многубројни видови риби.

Поголемиот дел од Ватенмер, што се протега по должина од 450 километри од северниот брег на Данска па се’ до холандскиот град Ден Хелднер е национален парк или природен резерват. Ватенмер се создало по последното ледено доба. Топењето на глечерите го подигнувало морското ниво, а донесените седимети се таложеле во плиткиот крајбрежен регион.

Автор: АТ/ЖА/дпа