1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вартоломеј најави средба на православните цркви

Вселенскиот патријарх, Вартоломеј, во Брисел најави дека наредниот месец ќе бидат разгледувани сите проблеми на православната црква.

default

Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Целта на состанокот, на кој се поканети поглаварите на сите автономни и афтокефални цркви, е зајакнување на православното единство и меѓусебната соработка.

Патријархот Вартоломеј пред Европскиот парламент во Брисел, не прецизираше кои проблеми се на листата за дискусија и дали на дневен ред ќе биде и спорот со признавањето на Македонската православна црква. Неговата главна порака пред европарламентарците се однесуваше на проблемите на Турција, а не на проблемите во патријаршијата. Тој ја повика Турција, доколку сака да добие поддршка од православната црква, да ги почитува правата на националните малцинства. „Ако Турција сака да биде дел од европскиот проект, треба да се залага за мултикултурниот дијалог“, изјави Вартоломеј во Брисел.