1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вардар продаден за 81 илјада евра

Рускиот бизнисмен Самсоненко, по двата ракометни, го презеде раководењето и со фудбалскиот клуб Вардар од Скопје. Тој ќе раководи со клубот во следните 10 години

default

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко стана мнозински сопственик на акциите на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија - Вардар. Во понеделникот, на јавното отворање на понуди во Град Скопје, имало доставено само една понуда и тоа Самсоненко, сопственикот на машката и женката екипа на РК Вардар.

Русинот стана сопственик на 100 отсто од акциите на ФК Вардар, кои беа во сопственост на Град Скопје и Акционерското друштво за стопанисување на станбен и деловен простор (АДССДП) и клубот ќе го води до 2024 година. Инаку, Самсоненко односно РК Вардар, за сума од 81.000 евра, ги купи акциите кои Град Скопје и АДССДП ги имаа во ФК Вардар. Според договорот, покрај купувањето на акциите, новиот сопственик е обврзан во клубот годишно да инвестира најмалку милион евра.

Медиумите во Македонија пишуваат дека Самсоненко има амбиција да го подигне на повисоко ниво фудбалскиот клуб. Веќе се шпекулира и дека на тренерската клупа ќе седне Ѓоко Хаџиевски.