1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вардар испушти победа против ПСЖ

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено во Скопје против силниот ПСЖ. Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, Металург, забележа катастрофален пораз на гостувањето во Барселона

Ракометарите на Вардар одиграа без победник 24-24 (9-12) со Пари Сен Жермен, во натпреварот од третото коло, во Ц групата во Лигата на шампиони. Вистинска рововска борба се водеше во првото полувреме од пресметката помеѓу македонскиот и францускиот шампион. Вардар имаше проблем со организацијата на нападите, а ритамот на играта го диктираа голманот Ангелов кој имаше 9 одбрани и Дибиров кој постигна 4 голови. Инаку, се‘ до 19.минута, се‘ беше израмнето, се играше гол за гол, а потоа ПСЖ предводен од Хансен, за шест минути, направи серија од 0-5, за предност од 7-11. До крајот на полувремето Вардар постигна два , а прими еден гол и на полувреме ПСЖ замина со предност од три гола 9-12. Фуриозно Вардар тргна во вториот дел, тимот предводен од Чипурин и Душебаев во 40.минута со серија 5-2 стигна до израмнување 14-14. ПСЖ, во следните три минути, на серијата на Вардар одговори со три последовни гола, за предност од 17-14, До 53.минута ‘црвено-црните’ неколку пати успеваа да се доближат на гол негатива, но потоа францускиот со три гола ја достигна највисоката предност 18-23. Негативата од пет гола им даде дополнителен мотив на вардаровите ракометари, и со ‘луда’ серија 6-1, израмнија на 24-24, потоа го одбранија последниот напад на ПСЖ (Милиќ го одбрани ударот на Хансен), а последниот напад вардаровите ракометари не успеаја да го претворат во победа. Чипурин со 6 гола (сите во второто полувреме) беше најефикасен играч на Вардар, гол помалку реализираа Душебаев и Дибиров, додека Ангелов имаше 12 одбрани. Хансен со 7 голови го предводеше тимот на ПСЖ.