1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Вардар“ во европската ракометна елита

„Вардар“, одново е силниот македонски експонент во европскиот ракомет. Полуфиналето во Купот на победниците на куповите е височината на која „Вардарците“ се издигаат третпат во клупската историја.

default

Македонскиот ракомет на добар пат-националната екипа

Четвртфиналната пречка, која „Вардар“ успешно ја остави зад себе беше романската „Решица“. Михајло Михајловски, претседател на популарниот скопски клуб, за натпреварот во Романија, кој „Вардар“ го загуби со 5 гола разлика со 23:18, но ја зачува предноста од Скопје, вели дека се‘ било решено во последните 15-тина минути.

„Тие се надминаа себеси, со голема поддршка на нивните навивачи, одиграа феноменално добро, ние послабо, меѓутоа во последните 15 минути коцките се склопија и ние почнавме постепено да намалуваме. Дојдовме до три разлика и имавме неколку шанси да намалиме на два. Разликата од пет голови беше направена на две секунди до крајот“.


Третпат полуфиналисти во КПК

1999-та, 2005-та, 2011-та година, циклично на секои 6 години „Вардар“ е во „магичната четворка“ во Купот на куповите. Досега финалето остануваше недостижно.

„Во 1999 година во полуфинале бевме елиминирани од Адемар, 2005 од Загреб, меѓутоа имавме победи на домашен терен, но победите на гости беа поголеми. Сега трет пат сме во полуфинале“.

Со нестрпливост се очекува следниот противник: германскиот „Гумерсбах“, а Михајловски ги посакуваше Французите за противник.

Mazedonien Handball Mihajlo Mihajlovski

Михајло Михајловски

„Докулку ни се паднеа ’Трембле’ и ’Сан Антонио’, ние нема да бевме фаворити, но сепак рамноправни во борбата за пласман во финалето. Со ’Гумерсбах’ нема шанси. Но, се‘ зависи од нас. Јас би кажал ако играме како против ’Речица’, но ако играме како против ’Хаген’ имаме шанси за финале“.

Регионална лига- за подобар квалитет

Михајловски е претседател и на Ракометната федерација на Македонија. Во македонскиот ракомет, подолго време резултатски се се врти околу екипите на „Металург“ и „Вардар“. Трет конкурент нема! Михајловски смета дека тоа не е добро за ракометот!

„Во моментов јас не гледем трета екипа која рамноправно може да им конкурира на ’Вардар’ и на ’Металург’. Тоа би можел да биде ’Пелистер’ доколку градот застане зад него и ако најдат спонзор. Во другите екипи треба да се донесат цели постави за да можат да конкурираат рамноправно. Тоа не е добро за ракометот, но сега спасот го гледаме во новата регионална лига која е практично договорена и во која по две најдобри екипи од поранешните југословенски републики и од Словачка, ќе играат во таа регионална лига и потоа би се приклучувале во националните првенства“.

Handball EM der Damen in Mazedonien

На праг на големите настани

Македонските репрезентативни селекции се во исклучително деликатна фаза. Ракометарите се во квалификациите за Европското првенство, ракометарките во баражот за светското. Михајло Михајловски смета дека шансите за нов влез во високото ракометно друштво се добри.

„Јас сум оптимист. Објективно ние од Естонија сме за една класа поквалитетна екипа. Се надевам дека сите репрезентативци до тогаш ќе бидат здрави и мислам дека ќе победиме во Естонија, но и во Скопје против БиХ. Можам да кажам дека и со женската репрезентација очекуваме пласман на СП, шпанската екипа е силна, меѓутоа вториот натпревар се игра во Македонија и шансите ни се тука 55 спрема 45 за Шпанија, но треба да бидеме оптимисти и многу би било убаво машката репрезентација да се пласира на ЕП, а женската на СП“.

Автор: Златко Калински

Редактор: Жана Ацеска