1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ван Ромпој е добитник на Карловата награда

Добитник на Карловата награда за 2014 година, една од најреномираните награди во Европа, е претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој. Наградата се доделува од 1950-та за особени заслуги за европското обединување.

Херман Ван Ромпој, според образложението на Директориумот на Карловата награда, е „неуморен работник, посредник и градител на консензуси“, со што дава значаен придонес за консолидација и натамошен развој на Европската унија. Како „важен создавач на импулси и идеи“ Ван Ромпој учествува во градењето на „патот по кој треба да се движи Европа на утрешнината“, се вели во образложението на наградата.

Херман Ван Ромпој има 66 години и е 56-ти добитник на Карловата награда. Во текот на изминатите неколку години, при доделувањето на наградата во фокусот беше европската криза. Наградата за 2011 година ја доби Жан-Клод Трише, тогашен претседател на Европската централна банка, а во 2012 година добитник беше германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Минатата година наградата отиде во рацете на литванската претседателка Далија Грибаускаите, како европски пример за тоа каков треба да биде односот кон економската криза во сопствената земја.

Карловата награда се доделува од 1950 година за особени заслуги за европското обединување.