1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ван Гал версус Мурињо

Германскиот фудбалски првак Бајерн Минхен има шанси да стане и европски првак. Кој ќе има тројна круна - Бајерн или Интер, е повеќе од неизвесно. Агенцијата ДПА пред големото финале го анализира односот на двата тренери.

default

Договорот следуваше уште по успешниот пласман во финалето. „Се гледаме во Мадрид“, му напиша тренерот на Бајерн Луис ван Гал на својот милански противник Жозе Мурињо. „Тој е добар пријател во светот на фудбалот, а во фудбалскиот свет човек нема многу пријатели“, вели Ван Гал за неговиот некогашен ко-тренер во тимот на Барселона. А и тренерот на Интер, кого го бара Реал Мадрид, кој инаку не дели многу комплименти, пред финалето во Мадрид ја изразува поврзаноста со Ван Гал. „Ќе се прегрнеме пред и по натпреварот, во тоа сум апсолутно сигурен!“, вели 47-годишниот Португалец.

Jose Mourinho geht nach England Flash

Жозе Мурињо - ученикот

Сезона на тренерите

За време на 90-те или можеби дури и 120 минути од натпреварот, плус евентуални пенали, двајцата тренери и покрај пријателството ќе се борат еден против друг со сите стратешки финеси. „Тој важи за лисец кога станува збор за тактиката, исто како и нашиот тренер. Веќе ќе смислат нешто за да го изненадат другиот тактички“, вели шефот на Управниот одбор на Бајерн, Карл-Хајнц Румениге пред финалето, кое годинава, за разлика од претходните години, е многу повеќе во знакот на големите стратези. Зашто, сезоната во „кралската“ класа не беше само сезона на супер-ѕвезди, туку и на тренерите - двајцата оформија и до финалето донесоа два тима, за кои на почетокот на сезоната ретко кој веруваше дека ќе стигнат таму.

Trainer Louis van Gaal Bayern München

Луис ван Гал - учителот

Самодоверба до степен на ароганција

Ван Гал и Мурињо, и онака важат за луѓе што имаат многу заеднички нешта - двајцата важат за тренери со јасен план и јасна филозофија. Тие се за ред и дисциплина и работат толку опседнати со детали, што секој играч во секое време знае што треба да прави на теренот. Румениге, на една прес-конференција, веќе зборуваше за „Луис Мурињо“. Тој се збуни, но она што го рече има симболичен карактер. Зашто, и надвор од теренот двајцата демонстрираат преголема самодоверба, до степен на ароганција. Тоа некому му пречи, но тие се омилени кај своите играчи. „Двајцата се супер тренери“, вели пофално Арјен Робен, кој играше под раководна палка на Мурињо во Челзи, а сега во Бајерн игра под раководство на Ван Гал. Двајцата тренери, понекогаш намерно, врз себе го насочуваат вниманието на јавноста и на тој начин ги ослободуваат играчите од притисокот.

Fußball Champions League Pokal Nyon Schweiz Flash-Galerie

И трофејот оди кај...

Тактички различни

Двајцата фудбалски аналитичари, сепак, се разликуваат значително во тактиката што ја применуваат. „Моја цел е да ја одушевам публиката и да победам, а тој игра само за да победи“, смета Ван Гал. „Ван Гал се обидува да направи игра, а Мурињо се фокусира на дефанзива“, вели Робен.

Еден од двајцата тренери со големо его може да се впише во историјата и да стане трет тренер, по Ернст Хапел и Отмар Хицфелд, кој го освоил најпосакуваниот клупски трофеј во светот со две екипи. Ван Гал триумфираше во 1995 година со Ајакс Амстердам, а Мурињо во 2004 година со ФЦ Порто.

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа

Редактор: Александра Трајковска