1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Валтер Колбо во Скопје

Македонија има добри перспективи да почне преговори за прием во ЕУ веќе на пролет 2008, изјави заменик претседателот на собраниската група на германските социјалдемократи по разговорите со македонското раководство

default

Германскиот парламент

Валтер Колбо во изјава за Дојче Веле предупреди дека Македонија мора внимателно да ги следи случувањата за време на конференцијата под претседателство на Португалија и референдумите во Ирска, Данска и Велика Британија. Ако на референдумите има „не„ за проширувањето, како што беше случај со Холандија и Франција, тогаш според Колбо ќе биде запрена процедурата за прием на нови земји членки