1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Валкенс: спорот со името не е поврзан со членство во НАТО

*

„Грчко македонскиот спор со името е билатерален проблем кој нема никаква врска со пристапувањето во НАТО“, изјави денеска во Скопје Харм Еверт Валкенс, претседател на комисијата за европски прашања во холандскиот Парламент. Валкенс кој ја предводи делегација холандски парламентарци, нагласи дека неговата земја ја поддржува Македонија за членство во ЕУ, но инсистира на стриктно исполнување на критериумите за добивање датум за преговори. „Не е прашање кога Македонија ќе стане членка туку кога ќе ги исполни критериумите“, рече Валкенс. Според него последниот извештај на ЕК за Македонија дава фер и објективна проценка, и укажува на тоа кои се неопходните реформи кои мора да се завршат.