1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Валкана медиумска кампања која чини милиони

Двете најсилни политички партии во Македонија- ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ последниве месеци водат досега невидена валкана медиумска кампања, обвинувајќи се за се’ и сешто. А граѓаните за кои ова се сервира најчесто се згрозени.

default

Постојаната изборна кампања во последно време се води валкано преку медиумите

Оваа состојба трае со години. Некогаш инцидентно, некогаш кампањски, но во последните два месеци нема ден а на телевизиите или во весниците да не прочитате некаква платена политичка програма за приватизацијата спроведеена од Бранко Црвенковски, за која под логото на ВМРО-ДПМНЕ сведочеа стечајци, земјоделци, сточари... . Или, од пред неколку дена, како под партискиот знак на СДСМ , на граѓаните им се нуди вистината за хидростиемот Злетовица и криминалот што таму е откриен, а за кој се обвинуваат Социјалистичката партија и ВМРО-ДПМНЕ.

И притоа граѓаните се бомбардираат со податоци, факти, тврдења и енормни суми бадијала потрошени пари.

Изборна кампања без престан

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека на македонската политичка сцена се се смени откако партиите го прифатија западниот начин на водење кампања, што значи постојана капања или кампањата почнува веднаш по изборите и трае до следните избори.

„ Едноставно поради огромниот период меѓу два избора понекогаш им недостасува идеја на партиите и понекогаш тие за медиумите стануваат здодевни“, вели Божиновски.

Mazedonischer President Branko Crvenkovski und Premierminister Nikola Gruevski Treffen in Skopje

Партиските лидери, Црвенковски и Груевски се најчеста цел на нападите во медиумските спотови

Според него содржината на пораките и ефектите од нив не може да се очекува да бидат исти со оние во професионалните новинарски написи.

Божиновски, сепак, вели дека е подобро и тоа партиите да имаат и вакви валани кампањи отколку и натаму да се кршаат кутии на избори или уште полошо да има убиства и тепачки, какви што имаше во минатото.

Бадијала потрошени пари?

И експертот за ПР кампањи Петар Арсовски вели дека во Македонија има вакви кампањи затоа што владеачката ВМРО-ДПМНЕ реши да води контитунирана кампања , а од пред извесно време во неа се вклучи и СДСМ.

„Негативната кампања во основа има се цел да одеземе гласови од ротивникот . Статистикитево светот покажуваат дека таа не е тотално неефикасна. Таа е побрза и потаргетирана, но има неколку нус појави кои го уназадуваат демократскиот дискурс во државата: никој не сака плукачи и го намалува дискусрот никој не сака да гледа две парити кои се занамаваат со себе место со граѓаните“ вели Арсовски

Според Арсовски и овие кампањи имаат свои слаби точки.

„ Граѓаните се заборавени и кај нив се јавува чувството дека сите партии се исти, а тоа е само последица на негативните кампањи“, заклучува Арсовски.

А, граѓаните кон кои се упатуваат овие пораки, во најголем број случаи се ужаснати од однесувањето на партиите, затоа што тие само преџвакуваат веке слушнати или видени настани во парламентот или партиски говорници. Некои се дури и навредени од нивото на комуникција со нив. Значи не се само парите што бадијала се трошат, туку станува збор и за недостиг од вкус.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Симе Недевски