1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Важни се германско- руските релации

*

Ден пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин,германската канцеларка Ангела Меркел ја подвлече важноста од стратешко партнерство меѓу двете земји.И покрај разликите,постојат и заеднички работи,рече таа во најновата видео порака преку интернет.Најважни теми во надворешнополитичките разговори со Путин според неа ќе бидат Иран и Косово.

Таа со рускиот претседател ќе се сретне во рамките на седмиот т.н. Петерсбуршки дијалог за германско руската соработка,кој започна денеска во Висбаден.

Петерсбуршкиот дијалог беше востановен во 2001 година од рускиот претседател Путин и тогашниот герамански канцелар Герхард Шредер, заради зајакнување на цивилните врски меѓу двете земји.