1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Важна победа

Во натпреварите за следното Европско фудбалско првенство и Германија и Македонија остварија уверливи победи на гости.

Подолски на натпреварот во Братислава

Подолски на натпреварот во Братислава

Германија ја совлада репрезентацијата на Словачка со 4 спрема 1, додека Македонија ја порази Андора со 3 спрема 0.

Избраниците на тренерот Јоаким Лев минаа уште една важна пречка на патот кон ЕП во 2008-та. Вчера во Братислава тие ја остварија третата последователна победа во групата Д:

„Мислам дека тоа беше многу впечатливо остварување, пред се‘ во првото полувреме. Тимот дејствуваше многу зрело, играше јасно и одлично ги искористи шансите за голови. Тоа беше навиsтина добра игра„ – изјави по натпреварот капитенот Михаел Балак, кој беше и стрелец на еден од головите. Во листата на стрелци покрај него се запишаа и Лукас Подолски, два пати, и Себастијан Швајнштајгер.

Македонската репрезентација пак вчера се реваншираше во Андора за срамниот пораз во 2004-та и го порази континеталниот аутсајдер со 3 спрема 0. Сите три гола паднаа во првото полувреме, а стрелци беа Горан Пандев, Николче Новески и Илчо Наумоски.