1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Важен чекор кон помирување

Ирачкиот парламент го донесе законот за повторно вработување на приврзаници на поранешната Баас партија на Садам Хусеин, во јавната администрација. САД законот го означија како важен чекор кон национално помирување.

default

Парада на партијата Баас во 1999 година

Ирачкиот парламент му даде подарок на американскиот претседател, Џорџ Буш за време на неговата турнеја по Блискиот исток - направен е важен чекор кон национално помирување и исполнето едно од главните барања на САД. Парламентарците го донесоа законот за повторно вработување на приврзаници на поранешната Баас партија на екс-диктаторот Садам Хусеин, во јавната администрација. Со 30-те параграфи на законот се укинуваат ограничувањата кои досега важеа за членовите на партијата на Садам, која веќе не постои.
Paul Bremer

Пол Бремер


Грешките на Американците

Само еден месец по уривањето на Садам Хусеин од власт, во мај 2003 година, Пол Бремер, кој во тоа време беше прв човек на Американците во Багдад, во една негова наредба побара приврзаниците на Баас партијата да не се вработуваат веќе во државните служби, односно тие што се вработени да се отпуштат. Беа отпуштени службеници во министерства и во управата, менаџери во банки, директори на училишта и ректори на универзитети. Непосредно потоа, Бремер нареди и распуштање на ирачките безбедносни сили. Со овие две уредби, со молскавично беа отпуштени од работа 750 илјади Ирачани, независно од тоа дали тие сториле некакви злосторства или не.
Незадоволството што произлезе од ваквите уредби беше хумусот на кој на најдобар начин виреат бунтовничките групи. Затоа, двете први уредби на Бремер, во меѓувреме важат како две главни грешки што ги сторија Американците по влегувањето во Ирак.