1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Важен исчекор на Франција

Франција е прва западна земја која официјално го призна новиот сириски опозициски сојуз. Политичките аналитичари сметаат дека тоа е важен момент во сирискиот конфликт.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд во Париз изјави дека националната коалиција на противниците на режимот во Сирија, според мислењето на неговата земја е единствен претставник на сирискиот народ. на неа се гледа и како на „идна преодна влада на демократска Сирија“, изјави Оланд.

И САД го прифаќаат опозицискиот сојуз како легитимен претставник на сирискиот народ но не и како влада во егзил.

Министрите за надворешни работи на Европската Унија во основа го поздравија обединувањето на опозициските групи во Сирија, меѓутоа побараа и засилено прифаќање на одметниците од режимот во земјата.

До скоро поделената сириска опозиција за време на минатиот викенд по еднонеделни преговори во Катар ја оформи т.н „национална коалиција“ на противници на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Инаку изјавата претседателот Франсоа Оланд со која Франција како прва западна држава ја призна новата коалиција на опоаицијата во Сирија, според американскиот весник „Њујорк Тајмс“ е е јасен знак за очекувањата дека ако организацијата е во состојба да постигне политичка легитимност и да изгради оперативна структура во Сирија, ќе биде наградена со повеќе признанија, пари, а можеби и оружје.

Политички аналитичари во изјави за весникот ја оквалификуваа пораката на Оланд како важен момент во сирискиот конфликт.