1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вагнер во амазонската прашума

Кристоф Шлингензиф важи за „анфан терибл„ на германскиот театар. Неговите инсценации со хендикепирани, како и јавните акции постојано предизвикуваат контроверзи. Тој и е познат на меѓународната публика по неговите режии на Вагнеровиот фестивал во Бајројт во 2004 година.

Вагнер и самба во Манаос

Вагнер и самба во Манаос

Таму дебитираше во оперската режија со вагнеровиот „Парсифал„ и доби доминантно позитивни критики. Сега се определи за уште вагнерова опера инсценирајќи ја во невообичаен амбиент: на Амазонскиот фестивал во бразилската прашума во Манаос.

Така звучи Вагнер во прашума: малку остро и расцепкано, но тоа не е така поради режијата, туку поради акустиката. Со операта „Летечки Холанѓанец„ режисерот провокатор Кристоф Шлингензиф го означи стартот на „Фестивал Амазонас де Опера„ – целиот во пот, но пресреќен:

„Ова е лудо. Сега доаѓа до целосен израз музиката со Вагнер. Вагнер оди во нови димензии. Супер„.

Тоа беше тропски спектакл: придружени од Вагнер и самба тапани, ансамблот, публиката, музичарите и самба танчерите се движеа зад една карневалска кочија кон пристаништето. Публиката едноставно не можеше да не се придружи на оперската процесија на Амазон:

„Сметам дека беше впечатливо. Исклучително убаво. Интересна мешавина, ретко, но многу добро„.

„Не успеав во се да се вклучам, но она што го чув, музиката, беше многу добро. Овде во подрачјето на Амазон тоа одлично се вклопи„

Во Бразил летечкиот Холанѓанец се нарекува „О навио фантазма„ односно сенишен брод. За да воспостави врска со домашните духовни ритуали, Шлингензиф со месеци посетуваше далечни амазонски региони, филмуваше црни миси и тотеми, го измеша домашниот персонал меѓу европскиот ансамбл. Така се сретнаа Вагнер, самбата и архаичниот духовен свет на амазонскиот регион, инсценација што претходно не се случила ниту во Европа, ниту во Бразил.