1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вавринка го освои првиот годинешен Грен слем турнир

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е победник на Грен слем турнирот „Австралија Опен“ откако денеска (26.1.) со 3:1 во сетови го совлада првиот носител на турнирот Рафаел Надал од Шпанија.

Во финалниот меч во Мелбурн што траеше два часа и 22 минути Вавринка ги освои првите два сета со 6:3 и 6:2. Шпанецот резултатски се врати освојувајќи го третиот сет со 6:3, но во четвртиот повторно беше подобар швајцарскиот тенисер и го доби со 6:3.

Рафаел Надал во вториот сет се повреди, користеше и медицински тајм-аут, но повредата на грбот го спречи да даде посилен отпор и евентуално да стигне до трофејот.

За Вавринка кој на овој турнир ги победи најдобрите двајца на АТП листата (Надал и Ѓоковиќ) ова беше прв трофеј на Грен слем турнирите.

Во женска конкуренција пак победничка на отвореното првенство на Австралија е кинеската тенисерка На Ли. Таа вчера во финалето ја победи Доминика Чибулкова (Словачка) со 2:0 во сетови 7:6 и 6:0.

За Ли која го играше четвртото Грен слем финале ова е втор трофеј, а прв на турнирот во Мелбурн во третото учество на завршинте мечеви.

Победа во финалето во Мелбурн освен трофејот на „Австралија Опен“ на кинеската тенисерка ќе и го донесе и третото место на најновата листа на ВТА која ќе биде објавена утре (27.01.2013).