1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш ја релативизираше критиката кон ирачкиот премиер

*

Американскиот претседател Џорџ Буш уште еднаш го бранеше ангажманот на американската армија во Ирак. Во интерес на САД е натамошно да се работи на стабилизацијата на оваа земја – изјави Буш во говорот пред воените ветерани во градот Канзас сити. Истовреме тој ја релативизираше претходно искажаната критика за ирачкиот премиер Нури ал Малики. Тој е добар човек и јас го подржувам-истакна Буш . Ден петходно американскиот претседател изјави дека е разочаран од слабиот напредок во Ирак и посочи дека ал Малики би можел наскоро да биде сменет.