1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш ја почна жестоко изборната кампања

Американскиот претседател, Џорџ Буш, ја почна изборната кампања со жесток говор и тешка критика на сметка на демократите. "Решенијата што ќе го донесеме во оваа деценија, нема да останат без последици во целото столетие. Ако Америка сега покаже слабост и нерешителност, ќе почнеме да се движиме кон трагедија", рече Буш. Претседателските избори во ноември се "Избор меѓу една Америка која го води светот со сила и самодверба, и една Америка која е нерешителна во однос на опасностите", рече Џорџ Буш пред републиканските гувернери. Без да го спомене по име, Буш првпат јавно го нападна сенаторот Џон Кери, кој важи како кандидат со најмногу шанси во редовите на Демократската партија. Пред 1400 присутни, американскиот претседател, во 40 минутен говор рече дека противниците не понудиле многу што се однесува до стратегиите за добивање на една војна или до поттикнувањето на економијата. Буш извлече позитивен биланс од неговиот мандат и ја бранеше борбата против меѓународниот тероризам, ирачката војна и падот на поранешниот ирачки диктатор, Садам Хусеин. "Други ќе донесеа поинакво решение. Сега и тие се согласуваат дека светот е подобар по падот на Садам. Можеби се надеваа дека тој ќе загуби на наредните ирачки избори", нагласи тој, притоа мислејќи на демократите и нивниот крус по однос на прашањето на Ирак. Џорџ Буш во истражувањата на јавното мислење стои полошо од кандидатите кои доаѓаат предвид за негов противник на изборите од редовите на демократите. Истражуавњето на институтот Галуп покажува дека Буш во изминатат недела заостанува 12% зад Џон кери. Џон Едвардс е подобар од Буш за десет проценти.