1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш ја поздрави новата ирачка влада

Новата ирачка влада на чело со премиерот Ал Малики вети битка против насилството во земјата. По првата седница на кабинетот, новиот премиер подвлече дека посебно ќе мора да се настапи против различните милиции. Изборот на новата влада го поздрави и американскиот претседател Џорџ Буш:

Во првото обраќање по седницата на владата Малики истовремено ја истакна својата готовност да разговара со сите групации што сакаат да учествуваат во обновата на земјата. Американскиот претседател Џорџ Буш, формирањето нова влада во Ирак го оцени како почеток на ново поглавје во односите меѓу двете земји:

„Формирањето влада на националното единство во Ирак е нов ден за милиони Ирачани кои сакаат да живеат во слобода„.

Според зборовите на Буш, САД ќе ја поддржат новата влада во Ирак. Тимот на премиерот Ал Малики ќе се соочи со големи предизвици, но нема да биде оставен сам, подвлече Буш:

„Соединетите Американски Држави ќе продолжат да му помагаат на Ирак во создавањето слободна земја, зашто слободен Ирак ќе биде важен сојузник во битката против тероризмот, посебно против Ал каеда, но ќе служи и како пример за другите во регионот што се стремат кон слобода„.