1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш ја задржува заканата со вето

Американскиот претседател Џорџ Буш останува на ставот против рок за повлекување на американските сили од Ирак и најави вето против заклучокот на конгресот во кој доминираат демократите. Конгресот реши да одобри нови 124 милијарди долари за Ирак, под услов трупите да почнат да се повлекуваат на 1 октомври годинава, со цел комплетно да го напуштат Ирак во рок од шест месеци. Буш во Вашингтон изјави дека не е доцна за Конгресот да го направи вистинскиот избор и да ги одобри средствата што на трупите и нивните команданти ќе им ја овозможат потребната флексибилност. Во спротивно, не му останува друг избор и ќе стави вето.