1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш ја брани стратегијата во Ирак

Американскиот конгрес постави 18 критериуми за мерење на успехот на американската воена акција во Ирак. Владата на Џорџ Буш до 15 септември треба да поднесе извештај дали и колку се исполнети тие критериуми.

default

Според Буш, во Ирак има причини за оптимизам

Во меѓувреме владата поднесе меѓуизвештај кој нуди измешана слика за политичките и воени успеси на Американците и Ирачаните во Ирак. За владата на Буш, тој сепак е повод за оптимизам:

„Од 18-те цели што треба да ги преиспитаме според волјата на Конгресот, можеме да соопштиме дека во осум подрачја е направен задовлителен успех. Така, Ирачаните имаат на располагање три бригади што ги ветија за да се грижат за безбедноста во и околу Багдад. Ирачката влада одвои 7,3 милијарди долари за да ги вежба, да ги опреми и да ги модернизира сопстваните трупи„.

Во осум други цели, сепак не е постигнат доволен напредок, изјави претседателот Буш:

„На пример, не е доволно направено за подготовките на комуналните избори или во усвојавуањето закон што ќе ја регулира поделбата на приходите од извозот на нафта„.

Економската ситуација се оценува како несигурна, додека безбедносната се оценува како комплексна и екстремно предизвикувачка. Ова лето се очекуваат жестоки битки, се вели во извештајот. Меѓутоа, Буш укажува на тоа дека засилувањето на трупите и нивната целосна подготвеност за акција ќе биде завршена по еден месец, и затоа мора да се сочека до септември. Цел мора да биде способноста за дејствување на ирачката влада и нејзина поддршка од страна на населението. Дури тогаш американските трупи ќе можат да се повлечат. Повлекување во сегашниов момент би имало катастрофални последици. Буш уште еднаш апелираше до Конгресот да одобри средства за трупите во Ирак. Демократите немаат намера на претседателот да му остават повеќе време. Шефот на демократското мнозиснтво во Сенатот, Хари Рид изјави:

„Напредуваме. Колку често го слушавме тоа во изминатите 4 ипол години? Во Ирак нема напредок„.

Оттаму, барањето на демократите е сега да се дејствува. Рид апелираше до републиканските сенатори не само да го критикуваат претседателот, туку така да се однесуваат и при гласањето. Линдзи Грахам, републикански сенатор, напротив апелираше до своите колеги:

„Ние направивме грешки, но најголемата грешка допрва би дошла, ако се промени стратегијата во време кога таа полека се исплатува„. Инаку во извештајот се зборува и за Ал Каеда и се вели дека таа е посилна од кога и да е по 11 септември. Претседателот Буш:

„Со мерките што ги презедовме Ал Каеда е послаба отоколку што ќе беше ако не го направевме тоа. Меѓутоа, Ал Каеда е се уште закана и опасност„.