1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш ја брани резолуцијата

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера заедно со шефицата на диломатијата Кондолиза Рајс ги претстави централните елементи на резолуцијата за Либан. Таа треба да придонесе за запирање на непријателствата и како втор чекор да подготви терен за испраќање меѓународни сили.

Кондолиза Рајс и Џорџ Буш

Кондолиза Рајс и Џорџ Буш

Буш јасно стави на знаење дека САД ваквите трупи ќе ги поддржуваат само логистички, но нема да испратат свои војници. Резолуцијата, за која колебања имаат и Либан и Израел, треба да биде усвоена денеска во Советот за безбедност, најави Рајс:

На итно закажаната прес-конференција на неговиот приватен ранч во Тексас, Буш ја бранеше резолуцијата подготвена заедно со Франција, чии централни елементи вака ги опиша:

„Запирање на сите непријателства. Соодветно на резолуцијата Хезболах мора веднаш да ги запре нападите врз Израел. Израел мора да ги запре сите офанзивни воени операции. За Либан се воведува ембраго за оружје, освен за она што и е одобрено на либанската влада„.

Дури во втората, подоцнежна резолуција е предвидено етаблирање меѓународни воени сили чие испраќање ќе уследи по повлекувањето на израелската армија. Меѓутоа, Либан и неколку арапски земји се спортивставуваат на привременото останување на израелските војници во Јужен Либан. Министерката Рајс на тоа изјави дека никој не предвидува странски трупи долгорочно да останат во Либан:

„Има колебања во врска со прашањето кога ќе бидат подготвени меѓународните сили. Мислам дека сите се согласни дека ни се потребни такви сили. Потребни се уште преговори, но мислам дека тоа е вистинскиот пат за запирање на непријателствата и за напредок„.

Буш уште еднаш одговорноста за конфликтот ја префрли врз Хезболах. Американската влада не може да прифати терористички организации како оваа да ги спречуваат демократизацијата и мирниот развој на Блискиот исток. Старегиска цел е:

„Време и во решавањето на проблемите да се влезе во коренот. Идејата е либанската влада да оди на Југ за да може да ја брани сопствената територија со помош на меѓународни сили. Ние сакаме да се засили влада на Синиора„.