1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш – Талабани

Американскиот претседател Џорџ Буш му вети на ирачкиот претседател Џалал Талабани натамошна поддршка во борбата против теророт. На средбата во Вашингтон двајцата претседатели признаа дека на безбедносен план има се‘ уште големи проблеми во Ирак. Талабани нагласи дека неговата влада и понатаму има намера да преземе потполна контрола врз земјата штом ќе заврши обуката на новата ирачка армија.

Според американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, САД размислуваат за модел на постојано воено присуство во Ирак на долг рок според теркот што се применува во Јужна Кореја од војната во 50-тите години.