1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш смета дека иранскиот проблем може да се реши како севернокорејскиот

*

Американскиот претседател, Џорџ Буш, го поздрави постигнувањето согласност за завршување на севернокорејската атомска програма и рече дека тоа е можен урнек за решение на атомскиот спор со Иран. Доколку владата во Техеран запре со облагородување ураниум, САД се подготвени на разговори, нагласи Буш. Северна Кореја по неодамнешните разговори со претставници на САД, Кина, Русија,Јапонија и Јужна Кореја уште еднаш даде уверување дека ќе запре со атомската програма со крајот на годинава. Во замена за тоа, сиромашната комунистичка земја треба да добие економска помош и енергија.