1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш смета дека е потребно време американската стратегија да даде резултат

*

Американскиот претседател Џорџ Буш смета дека е потребно време американската безбедносна стратегија во Ирак да даде резултат. Неколку недели пред зголемувањето на бројот на војниците на 160 000 во земката, рано е да се зборува за промена на воената стратегија, рече Буш. Во однос на актуелната дебата во Сенатот за повлекување на трупите од Ирак, тој повторно се закани со вето. Не може да се каже датум за повлекување на трупите, без да се има предвид ситуацијата на теренот и без воените команданти да дадат таква препорака, аргументираше Буш.