1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш: Сирија и Иран да ја запрат подршката за терористите во Ирак

*

Американскиот претседател Џорџ Буш при посетата на Кувајт повторно побара од Сирија и Иран да ги запрат екстремистите и терористите во Ирак. Тој истовремено укажа на опаѓањето на насилството во таа земја по засилувањето на американските трупи.

Буш ги посети и 15-те илјади војници на својата земја стационирани во Кувајт, од каде тие им даваат логистичка подршка на своите колеги ангажирани во Ирак.

Во меѓувреме Буш пристигна во посета на Бахреин.