1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш се „ смири“ со европсите лидери

Американскиот претседател Џорџ Буш и неговите европски колеги, две години по ирачката војна постигнаа компромис да соработуваат за демократизацијата на таа земја. Договорот постигнат на вчерашниот самит во Брисел, на некој начин е трансатланско помирување, бидејќи војната во Ирак ги залади американско европските релации.

Си подадоа рака: Буш и Баросо

Си подадоа рака: Буш и Баросо

,, Навистина е голема чест да се биде тука. Многу ја ценам поканата. Моето прво патување по инаугурацијата беше Европа и така треба да биде. Затоа што Европа и Соединетите Американски држави се блиски пријатели,, нагласи американскиот претседател Џорџ Буш откако вчера се сретна со европските лидери во Брисел.

Буш синоќа ги отфрли подготовките околу наводните подготивки за напад на Иран , но повтори дека не исклучува ниту едно сценарио ако Техеран не се откаже од нуклеарната воена програма. ,, Тие информации се едноставно смешни, но се останува во игра,, додаде Буш.

,, САД и Европа имаат исти погледи кога станува збор за поддршката на ирачкиот народ,, изјави премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер во име на земјата која претседава со Еу.

,, Ако ирачката влада побара, САД и Унијата се подготвени заеднички да организираат меѓународна конференција чија цел би било да се усогласи меѓународната подршка кон Ирак, нагласи Јункер коментирајќи ја најавата на Унијата дека на лето ќе стартува програма за обука на околу 700 ирачки судии, полицајци и затворски службеници.

Заедничките планови за Ирак ги потврди и американскиот претседател.

,, Разговаравме за Ирак и јас ги ценам заложбите и новите сугестии. Ги ценам и заложбите за Авганистан, а разговаравме и за тоа колку е можен вистински мир на Блискиот Исток. Им кажав на европските лидери дека мојата влада ќе биде вклучена во процесот,, нагласи Буш. И претседателот на Европската Комисија Жоѕе Мануел Баросо посочи дека САД и Европа овојпат нашле заеднички јазик за многу прашања:

,, Имавме шанса да разговараме за многу предизвици од трансатланската агенда. Блискиот исток, транатланските економски врски, најдовме многу заеднички гледишта. Верувам дека Европската Унија и Америка ќе бидат многу силни партнери во поддршката на напорите на мировниот процес меѓу Израел и Палестина на Блискиот Исток, , рече Баросо.

Сепак, и покрај говорите за помирување кои ги одбележаа дводневните состаноци во Брисел и натаму има загриженост околу европските најави за укинување на ембаргото за испорака на оружје во Кина, што беше воведено пред 16 години, по буната во Тјенамен. Буш е загрижен дека со испораката на оружје технологијата би можела да се префрли во Кина, а тоа би ја разнишало рамнотежата на односите меѓу Кина и Тајван.