1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш се извини

Американскиот претседател Џорџ Буш се извини поради измачувањата на ирачките затворенци

Буш им се извини на мачените Ирачани

Буш им се извини на мачените Ирачани

На крајот од разговорите со јорданскиот крал Абдулах Втори во Белата куќа, Буш ја искористи можноста да им се извини на жртвите и роднините на мачените Ирачани од страна на американските војници. Буш се изјасни и во полза на мировниот план за Блискиот исток.

Голема реткост е претседателот Буш да се извинува за нешто Меѓутоа, бранувањата околу проширениот скандал со измачувањата во Ирак очигледно не му оставија друг избор. На заедничката прес-конференција со јорданскиот крал Абудлах, Буш изјави:

“Му реков дека ми е жал за она што им е правено на ирачките затвореници и жалам што вашите семејства беа понижени“.

Фотографиите, рече буквално Буш, му го превртеле стомакот.

Во фокусот на разговорите со кралот Абдулах, покрај овој скандал пред се стана збор за мировниот процес на Блискиот исток и за иднината на Ирак. Буш ја повтори својата поддршка за планот на израелскиот премиер Шарон за еднострано повлекување од појасот Газа. Нагласено застана и зад планот Роуд меп и за независна палестинска држава:

“Роуд меп е најдобриот пат да се оствари визијата за две независни држави. Оваој план ја има поддршката од Палестинците, Израелците, од Обединетите нации, Европската унија, Русија, САД и од многу други земји. Оттаму, и мојата влада сака тој план да се оствари“.

Јорданскиот крал Абудлах изрази убеденост во намерите на Вашингтон:

“Јордан смета дека сите конечни државни прашања како границите, проблемот на бегалците, Ерусалим и населбите на западниот брег мораат да бидат решени меѓу Израел и Палестинците. Претседателот Буш ме охрабри дека никој нема намера да се меша во тоа и дека за нив мора да преговараат погодените страни“. Јорданскиот крал го истакна интересот за неподелен, суверен и стабилен Ирак, но ја исклучи можноста неговата земја да испрати трупи за стабилизирање на состојбите во соседната земја.