1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш само на три часа во посета на Египет

Американскиот претседател Џорџ Буш ја заврши турнејата по земјите од Блискиот и Средниот Исток со посетатата на Египет.

default

Буш и Мубарак на заедничката прес конференција во Шарм ел Шеик.


Пријатни 20 степени го дочекаа Џорџ Буш во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. За разлика од времето, домаќините не му приредија толку свечен дочек, како што тоа го доживеа американскиот претседател изминатите денови во земјите од другата страна на Персискиот Залив. По разговорите со египетскиот претседател Хосни Мубарак на заедничката конференција за печатот Буш се обиде да му ласка на домаќинот: „Не можам да си замислам ниту едно подобро место од ова за завршување на долгата турнеја.„
Мубарак на тоа возврати со куса забелешка што сепак ја снимија микрофоните: „За тоа се меѓутоа потребни повеќе денови.„ - „ОК тој сака повторно да ме види...„ – го заврши дијалогот со шега Џорџ Буш.

Египетска подршка за Блискиот Исток Причината за доаѓањето на Буш во Египет беше да го извести Мубарак од прва рака за разговорите со Израелците и Палестинците на почетокот од турнејата. Египетскиот Претседател и овој пат вети поддршка за мировниот процес на Блискиот Исток. „Рамо до рамо со САД сакаме да го поддржиме мирот.„
Мубарак рече дека посакува да се склучи мировен договор до крајот на мандатот на актуелниот американски претседател до јануари 2009-та. Буш се обиде да ги растури сомнежите дека сериозно ќе се ангажира за таа цел: „И кога велам дека сум оптимист дека ќе постигнеме спогодба, тогаш тоа го мислам сериозно!„ Белата куќа со загриженост гледа кон Каиро
Буш го повика Мубарак на поголема отвореност, но одбегна директно да го критикува домаќинот поради авторитарниот начин на раководење на државата. Белата куќа меѓутоа со големи грижи гледа на фактот дека опозицијата во Египет е подложена на шиканирање и дека повеќе нејзини политичари се долго в затвор. За да не го навреди уште повеќе домаќинот кому ионака му посвети премалку време Буш ја заврши посетата со следните зборови: „Ова беше прекрасна турнеја, голем впечаток ми оставија топлината и енергичноста на овдешните луѓе. Ова е динамичен дел од светот и можев да видам јасен напредок!„
Она што Буш не го виде, тоа беа демонстрациите против него во главниот град на Египет.