1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш сака да соработува со Меркел во борбата против климатските промени

*

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека е подготвен на тесна соработка со германската канцеларка Ангела Меркел во креирање на нов глобален пакт во борбата против климатските промени. Дојдов со силна желба да работам на договорот кој ќе го замени Кјото изјави Буш по работниот ручек со Меркел во Хајлигендам. Со нивната средба започна официјалниот дел од тридневниот самит на Г8 во Хајлигендам. Меркел потоа ќе разговара и со претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Николас Саркози. Главни теми на самитот се климатските промени, борбата против сиромаштијата во земјите во развој како и економската и финансиска политика на индустриските земји.