1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш размислува за новата стратегија за Ирак

Едно се чини во меѓувреме јасно:американскиот претседател Џорџ Буш не сака да ги прими на срце препораките на т.н Бекерова комисија за промена на стратегијата во Ирак.

default

Бекеровата комисија препорачува намалување на трупите во Ирак и почеток на разговори со Сирија и Иран.Џорџ Буш очигледно малку се грижи за овие совети.Работата на неговата нова стратегија напредуваат,изјави тој на неговиот ранч во Тексас.

Новата стратегија кон Ирак нема да биде соопштена,нема детали за новиот курс,соопшти портпарол на претседателот уште пред средбата со националната безбедност пред почетокот на божиќните празници.Задолжителниот настап на Буш пред печатот беше оскуден,со воздржани изјави околу Ирак.

-Правиме напредоци во развојот на план кој ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели.

Ниеден збор за наводните размислувања околу зголемување на трупите со до 30 илјади луѓе,барем привремено.Медиумите известуваа веќе за тоа.Но,Буш замоли за трпение:

-Ни требаат натамошни советувања,пред да можам да зборувам за нов план.Се разбира,и натаму ќе соработуваме со ирачката влада.Клучот за успех во Ирак е влада подготвена да се справи со оние кои сакаат да го спречат успехот на младата демократија.

Џорџ Буш се наоѓа под притисок.Големото мнозинство Американци всушност сака само да чуе кога трупите повторно ќе се вратат дома.Поддршката за тоа ја има и кај целиот Конгрес,како Демократите така и кај Републиканците.И самиот министер за одбрана очигледно не смета многу на само воено решение на ирачкиот проблем.Според Вашингтон пост,Роберт Гејтс по неговото прво патување во регионот на претседателот му предложил комбинација од дипломатски и стопански мерки,меѓу нив и повторно отворање на десет државни фабрики до крајот на јануари,за на Ирачаните да имсе даде работа и со тоа барем делумно да се избегне создавање плодна почва за насилство:

-Неговиот извештај ќе има значаен удел во завршните работи на ирачката стратегија.Нашата цел е земја која ќе може самата да се управува,брани и одржува.

Буш уште еднаш јасно даде до знаење дека тој самиот малку држи до делумно повлекување од Ирак,како што предлага меѓу другите Бекеровата комисија:

-Успехот во Ирак е неразделен од нашата национална безбедност.Ако немаме успех,нашите непријатели,екстремистите,радикалите,ќе извојуваат сигурно засолниште.Тие би биле во состојба да планираат нови напади и да ги загрозат САД.

Како ќе изгледа новата стратегија за Ирак,Џорџ Буш сака да соопшти во Новата Година.Според сите претпоставки,пред неговиот говор за состојбата на нацијата на 23 јануари.

Поврзана содржина