1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш – Путин

По острата критика на рускиот претседател Владимир Путин за американската безбедносна политика, официјален Вашингтон се обидува да реагира со помирлив тон. Претседателот Џорџ Буш изјави дека планираниот анти-ракетен систем не е насочен против Русија, која ја означи како пријателска земја. Во изјава за “Франкфуртер алгемајне“ Буш исто така наведува дека анти- ракетниот систем нема да го направи светот помалку безбеден, бидејќи ќе го заштити од агресивни сили како Иран.

Путин претходно ги обвини САД за империјализам и започнување нова трка во вооружување. Русија во вторникот изврши тест на нова балистичка ракета, која наводно може да ги совлада сите против ракетни системи.