1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш прифаќа повлекување на 30.000 војници од Ирак

*

Американскиот претседател Џорџ Буш е подготвен да ги прифати препораките за намалување на трупите во Ирак, потврдија високи претставници на Белата Куќа во Вашинтон. Деновиве во телевизиско обраќање до нацијата, Буш ќе соопшти дека го прифаќа предлогот на командантот на американските сили во Ирак, Дејвид Петреус, до крајот на јули идната година од теренот да бидат повлечени 30.000 војници. Петреус ова го изјави во конгресот, но притоа истакна дека прераното повлекување на силите на САД би било катастрофално.