1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш призна дека ЦИА имала тајни затвори во странство

Она што сите го знаеја конечно доби и потврда од првиот човек на американската администрација: ЦИА имала тајни затвори надвор од територијата на САД.

Американскиот претседател Џорџ Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш

Џорџ Буш вчера во американскиот Конгрес соопшти дека 14 затвореници, меѓу кои и тројца од најбараните топ терористи на Ал Каеда се префрлени во озлогласениот затвор Гвантанамо на Куба. Буш побара од пратениците да создадат соодветна законска подлога за работата на воените трибунали во затворот, со што терористите виновни меѓу другото и за спектакуларните атентати од 11. септември 2001-та конечно ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Во третиот говор на тема тероризам во последниве неколку дена, американскиот Претседател Џорџ Буш за прв пат индиректно призна дека тајната служба ЦИА одржувала тајни затвори во странство. Каде се наоѓале овие затвори Буш не откри ни овој пат. Тие сега наводно се затворени, а заробениците префрлени во затворот Гвантанамо на Куба. Она што за Буш е оособено важно во деновите спротив петгодишнината од атентатите од 11. септември, тоа е дека сознанијата што тајните агенти ги добиле од заробениците помогнале во спречувањето на слични атентати ширум светот.

„Оваа програма ни овозможи да ги собереме од улица потенцијалните масовни убијци и тоа пред да бидат во состојба да убиваат„ – порача Буш во Конгресот, бранејќи ја спорната програма на ЦИА.

Меѓу 14-те затвореници од овие тајни затвори се наоѓаат и главно осомничениот за организацијата на атентатите од 11. септември Калид Шеих Михамад, како и Рамзи Биналшиб. Буш апелираше до пратениците во претставничкиот дом да создадат законска подлога за изведување пред суд на овие топ терористи:

„Веднаш штом Конгресот ќе ги одобри воените трибунали што ги предложив, ќе му се суди на човекот за кого нашите тајни служби веруваат оти ја испланирал смртта на речиси 3.000 американски граѓани на 11. септември.„

Апелот на американскиот претседател е неопходен откако Врховниот суд на САД во јуни го оцени постоењето Воени трибунали во затворот Гвантанамо како против уставно, меѓу другото и затоа што тие се создадени без одобрение на Парламентот. Буш побара од конгресмените исто така да ги преформулираат одредбите од Женесвкста комнвенција за заштита на заробениците така што во иднина американски војници и тајни агенти на ЦИА нема да подлежат на суд поради нивните постапки кон заробениците. Во исто време тој најави хумано постапување со затворениците, вети дека ќе имаат пристап до правна помош, како и посета од Меѓународниот Црвен крст. Освен тоа Пентагон вчера издаде нов прирачник за однесување со заробениците, во кој се забрануваат до сега познатите методи на давење на зробениците во вода до кусо пред задушување, како и нивно сексуално понижување.