1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш предупредува на опасноста од трета светска војна

Оној кој сака да спречи трета светска војна треба да покаже интерес за да се натера Техеран во намерата да развие нуклеарно оружје, изјави синоќа Буш во Белата Куќа

default

Џорџ Буш

Тоа беше една од оние спонтани прес конференции. Без агенда, без претходни најави. Претседателот Буш зборуваше ден по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Техеран, кој инаку е против намерите на западот за заопстрување на позиоцијата против Иран. Путин за време на престојот во Техеран јасно даде до знаење дека нема да прифати каква било воена интервенција против Иран. Буш реагираше на изјавите дека Иран има право на употреба на атомска енергија во цивилни цели:

“Јас верувам дека тие сакаат да имаат технички капацитет за развој на атомско оружје. Во интерес на светот е тие во тоа да бидат запрени“ изјави Буш

Досега ништо ново. Противењето на Буш на атомската програма на Иран е позната. Но подоцна тој кажа уште неколку зборови

“ Доколку ста заинтересирани да ја запрете третата светска војна, тогаш треба да сте заинтересирани да ги запрете во намерата да развијат атомска бомба“

Новинарите беа изненадени од ваквата силна оценка на Буш кој зборува за трета светска војна:

“ Трета светска војна“ изјави Буш

Станува збор за реченица со која се мисли да се спречи таква војна. Меѓутоа само изговорот на таквиот страшен збор дозволува да се заклуќи дека нова светска војна дури и ако е тоа само сзастрашувачко сценарио се вртио низ главите на претседателот и неговите генерали во министерството за одбрана.

Нив одмана им е соопштено да подготват планови за напад врз цели во Иран иако инсајдери како новинарот Сејмон Херш во меѓувреме веќе не тврдат дека американците притоа сметаат само на иранските атомски простројки, туку и врз базите на елитните единици на револуционерната гарда. Во основа Херш меѓутоа останува не неговата мрачна прогноза:

“ Не мислам дека Буш смета да ја напушти Белата Куќа додека Иран сеуште претставува закана“

Сепак војна? Можеби според воените планери таа нема да биде масовна, туку еден регионално ограничен напад против Техеран? Експертите ова го сметаат за можно, но не многу веројатно. По катастрофата во Ирак, Буш дома нема да добие поддршка за уште една авантура.

“ Мојата намера е да продолжам со што е можно повеќе сојузници да испратам јасна порака до Иран, дека ќе продолжиме да работиме на нивна излоација, се додека на пример не дојде некој нов претседател и каже нашата атомска програма не вреди“