1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш првпат многу конкретен

Американскиот претседател Џорџ Буш повторно побара од Израел и Палестинците, неодложно и сериозно да преговараат за мировен договор. Израелската окупација мора да се оконча, подеднакво како и палестинските напади.

default

Буш во Ерусалим првпат на блискоисточната турнеја читаше конкретни препораки

На крајот од политичките разговори со израелското и палестинското раководство, американскиот претседател Џорџ Буш ги прецизираше неговите замисли за окончување на блискоисточниот конфликт: окончувањето на израелската окупација започната по шестнедвната војна од 1967 година треба да биде почетната основа за израелско-палестинските мировни преговори. Тој побара од израелскиот премиер Олмерт и од палестинскиот претседател Абас, веднаш да ги започнат преговорите. Сега е време да се донесат тешки политички решенија. Буш многу конкретен: „Иако територијата е прашање за кое обете страни треба да донесат решение, мислам дека секој мировен договор меѓу нив треба да се потпира врз примирјето од 1949 година. Притоа мораат да се земат предвид сегашните реалности и да биде сигурно дека палестинската држава ќе биде способна за опстанок. Убеден сум дека за основањето палестинска држава се потребни нови меѓународни механизми, вклучувајќи компензации за да се реши прашањето на бегалците„. Во врска со линијата на примирје од 1949 година, станува збор за таканаречената „зелена линија„ што го одделуваше западниот брег од Израел. Бушовото укажување на сегашните реалности се однесува на еврејските населби околу Ерусалим, како Маале Адумим со преку 30 илјади жители, источно од Ерусалим, и Гуш Ецион, јужно од градот со околу 40 илјади жители. Американскиот претседател синоќа во Ерусалим рече дека идната држава Палестина, цитат: „треба да биде татковина за палестинскиот народ, подеднакво како што Израел е татковина за еврејскиот народ„. Во врска со третата суштинска тема во блискоисточниот конфликт, Буш изјави: „Знам дека Ерусалим е тешка тема. Обете страни имаат длабоки политички и религиозни недоумици. Совршено разбирам дека решението на тоа прашање е еден од најтешките предизвици за мирот, но тоа е пат што решително имаме намера да го минеме„.