1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш по секоја цена сака да продолжи по разнишаниот пат

Говорот на американскиот претседател Џорџ Буш за стратегијата во Ирак е се друго освен убедлив, смета во коментарот Кристина Бергман

Џорџ Буш

Џорџ Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш ја најави новата стратегија за политиката во Ирак. Меѓутоа освен испраќањето на дополнителни трупи во оваа земја тој тука не промени ништо битно, туку се обиде да ги оневозможи противниците одново да го нападнат. Буш во оваа прилика уште еднаш лично ја презеде одговорноста за грешките направени во минатото и во својата стратегија ги вметна препораките на независната комисија предводена од поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Бејкер.

Со тоа ирачката влада и соседните земји би требало да имаат повеќе обврски. Претседателот како и порано се заложи за воена опција. Но во таа прилика воопшто не стана збор за дипломатска офанзива во која би биле вклучени и соседните земји на Ирак, како Иран и Сирија. Напротив, Буш во говорот со закани се обрати кон овие земји.

Бројот на американски војници во Ирак според очекувањата ќе се зголеми, што бејкеровата комисија долгорочно го оцени како безсмислено. Бидејќи војниците можат да обезбедат само ограничен регион и ако се повлечат тогаш е се` готово. Тоа всушност го покажа и минатото.

Но тука постои и уште еден проблем. Имено со зголемување на бројот на војниците во Ирак ќе се намалат и оние сили кои и тоа како се потребни на други места, како на пример во Авганистан. Повлекувањето на американските војници од Ирак, како што предлага бејкеровата комисија, според Буш не доаѓа во предвид, бидејќи во таков случај ирачката влада би се распаднала а во земјата би завладеал хаос. Така гласи аргументот на Буш.

Американскиот претседател во својот говор ги предупреди американските граѓани на натамошни жртви, бидејќи тој знае дека бројот на заговорниците на воената опција континуирано се намалува. Негова цел останува создавање на демократски Ирак и борба против тероризмот, но кога би можело тоа да се оствари, за тоа не стана збор. Освен тоа застрашувачки е еден американски претседател да ги меша поимите, јачина и тврдоглавост. Тој не гледа, или не сака да види дека постојаното присуство во Ирак ќе ја ослаби позицијата на Ирак и тоа не само во регионот, туку и во светот. Буш по секоја цена сака да продолжи по својот разнишан пат и со тоа се обидува да спречи уште за време на својот мандат да мора да признае дека задачата пропадна. Многу нешта одат во прилог дека токму тоа е мотивот за неговото однесување.