1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш последен пат се обрати до нацијата

Американскиот претседател Џорџ Буш во својот последен говор за состојбата на нацијата ги повика Американците да издржат. Стопанството во моментов поминува низ период на несигурност, признa Буш

default

Буш побара трпеливост од Американците

Економската состојба претседателот Буш ја стави на почетокот на говорот:пред се кризата со хипотеките. Присилната продажба на куќите поради банкрот, растечките цени на бензинот и турбуленциите на пазарот на акции се теми кои ги преокупираат во моментов Американците. Но, Џорџ Буш не го нарече ова рецесија, туку фаза на несигурност низ која што поминува американската економија. Тој тврди дека на долг рок, Американците можат да имаат доверба во стопанскиот развој на земјата. Но, краткорочно, растот е забавен.
Апел за надпартиска соработка
Затоа е важно, изјави Буш,брзо да биде усвоен пакетот економски мерки, кој тој го договори со Претставничкиот дом. Тој содржи даночни олеснувања за приватните домаќинства и инвестициони поттици за претпријатијата. За да може да стапи на сила,мора да биде одобрен и од Сенатот. Таму пак има контрапредлог. Буш повеќепати апелираше на надпартиска соработка на Демократите и Републиканците, нејзиното изостанување во минатото доведе да не бидат донесени многу закони.
Ирак-омилена тема
Надворешно политички, претседателот се осврна на многу теми. Тој ги повтори заканите кон Иран, чија влада не покажува подготвеност за соработка,спомена нова надеж за Палестинците и Израелците и најави испраќање дополнителни 3200 војници во Авганистан. Претседателот пак се наврати на темата Ирак. Таму има непријатели,тие се опасни, има уште многу да се доврши. Буш напомена дека американските и ирачките трупи во последната година покажале успеси, кои малкумина ги очекувале. Има помалку напади и загинати. Некои сакаат да спорат дека влијае засилувањето на трупите, но меѓу терористите тоа е неспорно. Ал Каида во Ирак е во бегство, ние ќе го победиме тој непријател, беше дециден Буш. Тој објасни дека засилувањето на трупите, односно нивното намалување во оваа година ќе биде според планираното. 20 илјади војници треба да се вратат дома. Претседателот не наведе други бројки и термини, истакнувајќи дека повлекувањето на трупите зависи од состојбата и од оценката на командантот, генерал Дејвид Петреус, кој во март треба да го поднесе следниот извештај.

►◄