1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш повторно во поплавените подрачја

Бројот жртви во поплавениот Њу Орлеанс може да се искачи на повеќе илјади. Најстрашното допрва следи, ги предупреди сограѓаните Министерот за заштита на татковината Мајкл Чертоф. Претседателот Џорџ Буш вчера уште еднаш го посети регионот, што беше најтешко погоден од ураганот Катрина.

Буш во центарот за сместување на погодените од ураганот Катрина во Батон Руж

Буш во центарот за сместување на погодените од ураганот Катрина во Батон Руж

Пред да одлета за Батон Руж во сојузната држава Луизијана, Џорџ Буш нареди знамињата во САД да висат на половина копје се‘ до 20. септември. Потоа тој го посети центарот за кризен менаџмент, при што посочи:

„Се‘ додека човечки животи се во опасност ќе ја продолжиме нашата работа и ќе спасуваме и понатаму се‘ едно дали станува збор за Њу Орлеанс и околните општини или пак за местата по должината на Заливот на Мисисипи.„

Буш изјави оти е зачуден колкав бран на слидарност предизвика катастрофата во Њу Ореланс и околината. До вчера американскиот Црвен крст доби донации од преку 350 милиони долари за погодените подрачја од ураганот Катрина. Во писмо до германскиот канцелар Герхард Шредер, Буш се заблагодари и за брзата и обемна помош што пристигна од германскиот народ и влада.

Во меѓувреме почна извлекувањето на труповите и Министерот за заштита на татковината Мајкл Чертоф ги подготви граѓаните на страшни цени:

„Сега кога ќе почнеме да ја испумпуваме водата од Њу Орлеанс ќе најдеме многу луѓе кои беа заглавени во нивните куќи од водените маси. Ќе најдеме и трупови по улиците. Тоа ќе бидат најгрозоморни сцени, што човек може да си ги замисли.„

Иако потрагата по преживеани продолжува и понатаму, спасувачките екипи полека губат надеж:

„Не верувам дека овде ќе најдеме уште многу преживеани. За многу постари луѓе водата се прертвори во фатална стапица. Тие не беа во состојба да го свртат врз себе вниманието на хеликоптерите за спасување.„

До сега се спасени 18.000 лица во Њу Орлеанс и околината. Сега најголема грижа на властите им причинува опасноста од избивање масовни епидемии. Тие уште еднаш побараа од оние кои не се евакуирале итно да го напуштат градот и предупредија од прерано враќање на оние кои се сместени во соседните градови.