1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш не се повлекува од Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш се уште дефинитивно не одлучил дали ќе ги зајакне американските трупи стационирани во Ирак. Буш на прес конференцијата пред почетокот на новата година изјави дека прво сакал да ги слушне размислувањата на врвните армиски претставници. Буш уште еднаш одби предвремено повлекување од Ирак и истакна дела кризата во оваа земја треба да ја решат нови воени сили.

Џорџ Буш

Џорџ Буш

„2006 беше тешка година во Ирак, а и 2007 ќе биде исто таква“, рече американскиот претседател. На последната прес конференција за годинава, Џорџ Буш повторно го нагласи оптимизмот за заливската војна, иако на извесен начин ги призна успесите кои ги постигнаа бунтовниците во земјата.

„Тие сосема свесно го поттикнуваа религиозно мотивираното насилство меѓу Сунитите и Шиитите. Нивните успеси ги намалија нашите напори да им помогнеме на Ирачаните во обновата на нивната земја, а ирачката влада ја спречија да се грижи за безбедноста и стабилноста“.

Поразителен биланс на претседателот кој во оваа пригода изгледаше многу загрижено, но постојано демонстрираше одлучност:

„Ние можеме нашите трупи и ресурси помудро да ги распоредиме и при тоа да побараме поголем ангажман на Ирачаните, што и ќе го направиме. Но, не можеме таму на цедило да ги оставиме стотина милиони мајки и татковци кои за своите деца сакаат мирен живот“.

Со други зборови воено повлекување не доаѓа в предвид. Буш додаде:

„Мора да се осигураме дека нашата војска до крај ќе истрае во таа војна и дека може да си гиоствари зацртаните задачи. Јас сум подготвен да верувам во тоа дека ќе мора да ги зголемиме и пешадискиот и морнаричкиот корпус.“

Американскиот претседател во секој случај ќе сака да чуе што за целата работа има да каже неговиот нов министер за одбрана Роберт Гејтс. Тој не беше цели три дена на должноста, а веќе замина за Ирак за на лице место да се советува со американските генерали околу идната стратегија за таа земја. Буш нагласи дека се уште не донел дефинитивна одлука за зголемување на трупите. Но, аналитичарите проценуваат дека во оваа пригода Џорџ Буш ја намали својата воена реторика. Сепак на крајот американскиот претседател не сакаше да дозволи да се фрли сомнеж врз неговите убедувања и рече:

„Верувам дека дека ќе победиме инаку нашите трупи не би биле во Ирак. Ќе успееме“.