1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш: Неуспех во Ирак “незамислив”

Американскиот претседател на ретка прес-конференција во изнудена одбрана на својата стратегија во Ирак и на постапките пред нападите на 11 септември 2001 година.

Буш во проблеми по некое незгодно прашање

Буш во проблеми по некое незгодно прашање

Американскиот претседател Џорџ Буш на синоќешната прес-конференција емитувана во централно време на сите национални телевизиски мрежи им порача на соѓраѓаните дека САД ќе истрајат во своите намери во Ирак и оти и покрај сите проблеми неуспех во Ирак е незамислив. Тој вешто одбегнуваше директно да одговори на често повторуваното прашање: Дали чувствува лична одговорност за неуспехот во спречувањето на нападите на 11 септември 2001 година-уште една горлива тема во американската јавност деновиве .

Буш се појави пред милиони Американци од Источната Соба на Белата Куќа одговарајќи на тој начин на се поголемата загриженост на јавноста околу неговата политика во Ирак , откако тековниов месец се заканува да биде најкрвав за американските трупи во Ирак од соборувањето од власта на Садам Хусеин.

Буш призна дека минале “тешки недели“ во Ирак и истакна дека американските гласачи можеби ќе се одлучат за промени на изборите во ноември , додавајќи дека така функционира демократијата но сепак:

“Не планирам да ја изгубам работата . Имам намера да им кажам на американските граѓани дека имам планирам да победам во војната против тероризмот и верувам дека тие ќе останат со мене. Тие ги разбираат влоговите-истакна Буш, кому популарноста како што велат последните анкети драстично му опаѓа во однос на неговиот конкурент за претседателската функција од Демократската Партија Џон Кери. Буш на ноќешната прес конференција ја бранеше стратегијата на својата администрација во Ирак , истакнувајќи дека неуспех на САД во оваа земја е незамислив. Тој предупреди дека особено опасни се споредбите што се прават со војната во Виетнам.

Мислам дека таа аналогија е погрешна . Јас уште сметам дека таквата аналогија праќа погрешна порака до нашите сили и до непријателот-истакна Буш.

Американскиот претседател на вчерашната пресконференција мораше да одговара на прашањата на новинарите на уште една горлива тема во американската јавност деновиве, односно дали може да бидат спречени нападите од 11 септември 2001 година и дали неговата администрација сторила доволно во таа насока .

Независната Комисија која деновиве ги сослушува највисоките претставници ан Бушовата и Клинтоновата администрација упати критики кон министарството за правда и ФБИ поради нивниот неуспех соодветно да одговорат на растечките закани од Ал каеда во времето пред нападите врз Њујорк и Вашингтон:

“ Постојат некои работи за кои посакувам нешто да направевме “-истакна Буш кој меѓутоа одби да прифати некаква лична одговорност за неуспехот да бидат спречени тие напади.